Општи правила за приватност – MIKOM-MC dooel

Ова се Општите правила за приватност кои ги донесува MIKOM-MC dooel, Нико Фундали 14в, Локал 1, 7 000 Битола - Северна Македонија.

Правилата за приватност го уредуваат прашањето за заштита на личните податоци, како и приватноста на физичките лица – нашите купувачи, добавувачи, корисници на нашите услуги, лица кои се пријавиле на нашиот билтен, како и други наши деловни партнери.

Во случај на било какви прашања или барања во врска со постапувањето или заштитата на вашите лични податоци, контактирајте не на адреса: mikom@mikomgroup.com

Дефиниција

„Лични податоци“ вклучуваат: вашето име, контакт информации, е-маил адреса, URL, телефонски број и други идентификациски податоци.

Како се користат информациите и со кого може да бидат споделени

Личните податоци не ги собираме со самата ваша посета на веб-страниците на Mikom-MC, туку само при ваша самостојна регистрација за прием на билтен, исполнување на анкета или учество во наградна игра. При пријава на билтен, ќе ве замолиме за следниве лични податоци: е-маил, а при контакт форма: име и презиме, е-маил, наслов и порака.

При прашања испратени преку е-маил, ќе побараме име, презиме, е-маил адреса и контакт телефон. Овие информации се користат исклучиво за одговор на вашите прашања и подобро насочување на нашите маркетинг активности.

MIKOM-MC dooel гарантира дека сите лични и демографски податоци ќе бидат доверливо чувани. Податоците нема да се предаваат, продаваат, изнајмуваат или заменуваат со трети лица.

Компанијата го задржува правото на надзор на службените е-маил адреси доделени на вработените исклучиво за заштита на деловните интереси, безбедноста на податоците и усогласеност со законските прописи. Надзорот се спроведува согласно со Општата уредба за заштита на податоците (GDPR) и не се однесува на приватните е-маил адреси.

Колачиња (Cookies)

Што е колаче (cookie)?

Колаче е информација што ја зачувува веб-страницата на вашиот компјутер. Колачињата обично ги зачувуваат вашите поставки или јазикот на страницата.

Како ги користиме колачињата?

Колачињата може да складираат и лични информации како име или е-маил адреса. Овие информации нема да бидат зачувани без ваша согласност. Секогаш можете да ги промените поставките на интернет-прелистувачот за одобрување или бришење на колачињата.

Пријава на билтен

Кои лични податоци ги обработуваме?

Ако се пријавите за нашиот билтен, ги обработуваме податоците дадени при пријавата – вашата е-маил адреса.

За која цел ги обработуваме вашите податоци?

За да ви доставуваме информации преку нашиот билтен, врз основа на вашиот легитимен интерес.

Вашите коментари/Како да не контактирате

Со користење на веб-страниците на MIKOM-MC dooel, давате согласност за користење на податоците на наведениот начин. Сите измени во политиката за приватност ќе бидат објавени на оваа страница.

Додатна напомена

Овие веб-страници можат да содржат линкови до други страници за кои MIKOM-MC dooel не е одговорен. Ако забележите несоодветна содржина на тие страници, контактирајте не.

Вашите лични податоци ги сметаме за деловна тајна и ги штитиме согласно важечките законски прописи и најдобрата практика.